Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, ја отвори новата сезона со триумф на трката за Големата награда на Бахреин, откако во директниот дуел за победа беше подобар од возачот на Ред Бул – Макс Верстапен.
Холанѓанецот стартуваше од пол – позицијата, но актуелниот шампион ја презема првата позиција кога Верстапен влезе при првото менување на пневматиците. Долго време пилотот на Ред Бул ја намалуваше предноста која ја стекна Хамилтон, а успеа да го мине на три круга пред крајот на трката, но поради непрописно минување (излезе со четирите тркала надвор од патеката), потоа мораше да му ја отстапи правта позиција на Британецот, кој до крај успеа да одолее на нападите.
За Хамилтон ова е 96. победа во кариерата, додека трет на подиумот се искачи вторито пилот на Мерцедес, Валтери Ботас. Петтото место му припадна на Ландо Норис, шести беше Серхио Перез, седми Шарл Леклер, осми Даниел Рикардо, а бодови освоија и Карлос Саинц, Јуки Цумода и Ленс Строл.