Ситуацијата на Луис Хамилтон во Мерцедес е понесигурна од кога и да е откако тој побара неверојатна цифра за продолжување на верноста кон германскиот првак.
Британецот, кој е лидер во генералниот пласман во Формула 1, побара неверојатни 200 милиони евра за новиот договор на кој инсистира раководството на тимот. Актуелниот му истекува на крајот од оваа сезона по што Хамилтон би можел да си замине од Мерцедес како слободен агент. Оваа сума на актуелниот светски првак би му била исплатена во период од три години.
Ако Мерцедес се согласи на ова барање на Хамилтон, тој би станал најплатениот возач во Формула 1, заедно со Себастијан Фетел кој пред оваа сезона се пресели во Ферари. Првичните информации од Германија се дека такво нешто нема да се случи, но тоа би можело да го однесе Хамилтон во Ферари кој одамна е заинтересиран за него.