Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во петокот порача дека Иран и неговите регионални сојузници нема да отстапат прад Израел, неколку часа по израелскиот напад врз Бејрут за кој се верува дека е обид за атентат врз наследник на шефот на либанското шиитско проиранско движење Хезболах.
„Билијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна“, рече Хамнеи во реткото јавно појавување последните седмици додека ја водеше традиционалната петочна молитва во Техеран, алудирајќи на ракетниот напад на Иран врз Израел во вторникот.
Хамнеи рече дека неодамнешниот ирански напад е „минималната казна“ за „злосторствата“ извршени од Израел. На огромната маса луѓе петочната молитва дека Иран „нема да го одложува или несовесно да дејствува во извршувањето на својата должност“ кога станува збор за соочување со Израел.
Иран во вторникот лансираше низа ракети кон Израел како одмазда за израелските напади во кои беа убиени политичкиот водач на Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут минатиот петок и ирански восок воен консјлтант, како и политичкиот челник на палестинската милитантна група Хамас, Исмаил Ханија во јули во Техеран.
Техеран го обвинува Израел за убиството на Ханија. Израелските власти не ја презедоа одговорноста за неговата смрт, но во светот преовладува уверувањето дека зад ливкидацијата стои израелското разузнавање.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот рече дека одговорот на Израел може да вклучи напад врз нафтените постројки на Иран.
Дахије, јужно предградие на Бејрут и упориште на проиранскиот Хезболах, наводно беа цел на нови напади околу полноќ во четвртокот, откако Израел им нареди на жителите да ги напуштат своите домови во некои области, соопштија локалното население и безбедносни извори.
Целта на воздушните напади бил наводно подземен бункер во кој се наоѓал функционерот на Хезболах, Хашим Сафиедин, за кој се верува дека е наследник на убиениот лидер Хасан Насрала, изјави известувачот на американското издание Axios, Барак Равид на социјалната платформа Х, цитирајќи тројца израелски официјални лица. Додава дека состојбата на Сафиедин не е позната.
Израелската војска одби да ги коментира извештаите, а Хезболах не ја коментираше судбината на Сафиедин. Неговиот брат Сајед Абдала Сафиедин, претставник на Хезболах во Иран, присуствувал на говорот на Хамнеи во Техеран.