Расветлување на корупциските скандали, донесување на законот за Јавното обвинителство (ЈО) и владеење на правото само тоа е вистинскиот пат за добивање на датум во октомври за отпочнување на прегоиворите на земјата со ЕУ кога практично му истекува и мандатот еврокомесарот Јоханес Хан. Ова се клучните пораки кои ги испрати на прес-конференцијата со премиерот Заев.
За Заев последните судски случаи на корупција се само дополнителен аргумент дека земјата се бори против криминалот, како услов за да добие датум во октомври. Тој така додаде и дека не гледа потреба од ветинг во институциите. Неговиот коалициски партнер во власта Ахмети на средбата со Хан освен за законот за ЈО разговарал токму и за потребата од ветинг.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски и Хан разговарале за последните судски случаи, борбата против криминалот и политичкиот дијалог.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази загриженост пред Хан за отсуството на волја кај владата во справувањето со растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта.
Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина“, се вели во известувањето од ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот на денешната посета во еврокомесарот се сретна со шефот на државата Стево Пендаровски.
Еврокомесартот Хан доаѓа на само на неколку месеци пред истекот на неговиот мандат и важеше за голем подржувач на земјата во нејзините евроинтегративни процеси. Сепак информираше и дека по трет пат едногласно е номиниран од австрискиот парламент за еврокомесар, но и посочи дека очекува дека до истекот на овој мандат кој што го има сега до октомври земјава конечно ќе го добие датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ.