Веднаш по обавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија и другите земји од западен Балкан и Турција на патот кон Европската унија во вторникот, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан вечерта допатува во Македонија.
Хан денеска ќе има средби со владини и политички претставници, на коишто ќе им го предаде Извештајот за напредокот на Македонија, практика којашто досега ја спроведуваше амбасадорот на ЕУ во земјава.
Работниот ден на еврокомесарот започнува со работен појадок и официјална средба со премиерот Зоран Заев и владина делегација.
Денеска попладне, пак, во Скопје ќе допатува и високата европска претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, којашт освен средбите со политичкиот врв на земјата, во четврток ќе се обрати пред пратениците во македонскиот парламент.