Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на својот твитер профил најави дека во февруари доаѓа во Скопје со цел да изврши увид во подготовките за претстојните избори. Тој со порака дека конструктивната соработка од сите партии е единствениот пат до слободни и фер избори.
– Добредојдени се првите чекори на опозицијата да остане вклучена во процесот. Исто така, потребни се сериозни напори бргу да бидат направени од партиите во власта во однос на Избирачкиот список, Државната изборна комисија и реформите во медиумите. Конструктивната соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори. Работите сега мора да се забрзаат. Доаѓам повторно во Скопје во февруари за да извршам увид во напредокот во однос на подготовките за изборите заедно со Државната изборна комисија и меѓународната заедница, стои во пораката од еврокомесарот Хан на Твитер.