Хан: Грција треба да се задржи во Еврогрупата

Хан Македонија

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска изјави дека Грција треба да се задржи во Еврогрупата и уверен е дека се ќе се стори за така и да биде, јави Танјуг.

Во дневникот на австриската државна телевизија ОРФ, Хан подвлече дека „европските пријатели ќе сторат се за Грција да ја задржат во Еврогрупата“.

Истовремено, тој порача дека сега е битен квалитетот на предлогот што грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе им го предаде на партнерите во преговорите.

Хан кажа дека преговорите меѓу Грција и другите 18 партнери од еврозоната стануваат покомплицирани, бидејќи „последните денови искршен е многу порцелан“, односно потсети дека за некои договори во одредени земји од Унијата мора да се добие поддршка во Парламентот.

Хан изрази надеж дека разумот ќе победи.

Понатаму тој оцени дека за Грција е важно да се создаде поволна клима за инвестиции, укажувајќи дека во моментов судските спорови таму траат предолго, како и реализацијата на проектите, а на инвеститорите им се потребни одржливост и доверба.