Хан: Направете компромис и не губете време

Јас сум загрижен, го губите времето. Интересите на државата се над личните. Во демократија мора да имате компромис. Ова е пораката на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа, пренесува МИА.

– По неуспехот во Брисел ги замолив да се вратат назад и да ги продолжат преговорите. Колку што знам има многу предлози на маса и многу мерки за доверба но јас ургирам да се договорат и да направат компромис, изјави Хан. Во демократијата мора да имате компромис, вели тој. И тоа значи дека двете страни се приближиле една кон друга. Многу е важно и двете страни да ја имаат предвид и тешката политичка и економска ситуација во земјата, како и тоа дека евро – атлантската перспектива треба да ја одржат жива, истакнува Хан.

Еврокомесарот наведува дека договорот постигнат на 2-ри јуни во Скопје содржи многу точки, а едно од тековните прашања беше идната организација на владата до изборите.

– Јас разбирам дека разговорите се во тек и на двете страни е да дојдат до решение. Тоа зависи од нив. Она што е договорено и до што треба да се држат е да има избори до крај на април. Ние како ЕУ институција, како Eвропска Kомисија, во меѓувреме работевме на извештај и издадовме извештај за тоа што генерално треба да се направи за да се подготват фер и транспарентни избори. Почнавме да работиме врз тоа и другите партии треба да работат на тоа, да го усвојат, а за тоа како индивидуално ќе решаваат зависи од нив. Но, важно е да има договор, вели Јоханес Хан