Хан: решението за Косово не е единствен услов за Србија во ЕУ

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави дека решението на косовското прашање не е единствен услов за членство на Србија во Европската унија.

„Изгледа дека многумина имаат впечаток оти решението во врска со Косово е единствен услов на патот на Србија кон ЕУ. Тоа не е случај.

Спроведувањето на реформите во владеењето на правото, основните човекови права и доброто управување остануваат суштина на процесот за проширување“, изјави Хан во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“.