За жал сѐ уште морам да ја користам кратенката БЈРМ; Поранешна Југословенска Република Македонија, иако воопшто не ми се допаѓа. Вие , граѓаните ќе одлучите дали во иднина ќе ви се обраќам со Република Северна Македонија, рече еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес конференцијаа со Премиерот Заев во Влада на РМ.
Секоја средба со лидерите на ЕУ во оваа фаза на нашиот пат е огромна придобивка. На 27 септември ќе го започнеме скринингот за вовед во реговорите, а во јуни 2019 ќе стартуваме со преговорите за членство во ЕУ. Веќе правиме многу реформи, но ова ќе придонесе на тој пат да чекориме побргу. Денешната посета на големиот пријател на Македонија, ја потврдува поддршката на ЕУ за Македонија, рече премиерот Заев по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во Скопје.
Најважниот чекор до преговорите со ЕУ ќе ја направат граѓаните на 30 септември-рече Заев.
Ви благодарам за топлото добредојде, за гостопримството кое ве карактеризира. Изминатите неколку недели Скопје стана најпопуларната дестинација за политичарите од целиот свет. Ова е доказ дека многу се цени Договорот што го постигнавте со Грција. Во светот има многу конфликти, а ова е редок пример на решавање на таквов конфлект. Затоа целиот свет го поздравува овој чин , бидејќи тој станува пример дека може да се решат и други замрзнати конфликти во светот на овој начин. Референдумот е можност што се јавува еднаш во животот. Одлуката што ќе ја донесете на 30 септември ќе има далекусежно влијание дури и за оние кои сѐ уште не се родени“-рече Јоханес Хан на заедничката прес конференција со премиерот Заев во Влада на РМ.