Хан: Средбата на Ципрас и Заев е добра вест

Средбата на Ципрас и Заев е добра вест. Таа покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое и предолго трае ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа.

Ова е првата реакција на Твитер од еврокомесарот Јоханес Хан, по средбата на премиерите на Македонија и Грција во Давос. Предвидено е Заев во Давос да се сретне и со Хан.