Членката на извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (PLO) Ханан Аршави коишто деновиве престојуваше во Словенија на покана на љубљанскиот Факултет за политички науки, се сретна и со претставници на министерството за надворешни работи, во разговорот за Словенечката телевизија ја исклучи можноста за директни мировни преговори меѓу Израел и претставнциите на Палестинската национална самоуправа.
Секакви директни билатерални преговори би биле беспредметни и не би имале резултат во стварноста, бидејќи Израел не ги почитува договорите и би ја корсител нерамнотежата на моќта да ја наметне својата волја на послабата страна, вели Ханан Аршави во интервјуто, додавајќи дека досегашната политика на соработна со трета страна во преговорите се претвори во „американски монопол“ над мировниот процес, што не довело до резултати.
„Преговорите мора да се темелат на меѓународното право со мултилатерално покровителство, со јасни ели и временски распоред, како и со арбитража којашто би го казнила кршењето на мировнито процес и прифатените обврки“, додаде Аршави според која целта мора да биде да се донесат мерки за прекин на израелската „окупација“ на палестинските територии и отстранувањето на незаконски зиградените израелски населби на подрачјата коиѓто меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински од страна на Израел во војната од 1967 година.
„Ја повикуваме Европската унија да не ја финансира израелската окупација, туку да ѝ стаи крај“, рече Аршави додавајќи дека очекува дека Словенија ќе ја признае независната палестинска држава, како што пред три години најави министерот за надворешни работи Карл Ерјавец.