![500poplavi-bugarija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/500poplavi-bugarija.jpg?resize=500%2C279&ssl=1)
Македонец преживеал вистинска драма во Бугарија.Се нашол на гости кај пријатели во една од најпоплавените области – Бургас, токму во екот на потопот. Посетата ја завршил евакуиран од Бургас и веднаш штом стигнал на сигурно се јавил во македонската амбасада во Бугарија.
Амбасадорот Благој Хаџински за Сител изјави дека нема потреба од паника, нашите туристи се безбедни и не е загрозен ниту еден туристички објект во летувалиштата во Бургас, Созопол и Приморско.
„Два дена не се тргнав од телефонот, стојам на располагање на нашите туристи , но до сега никој од оние во туристичките комплекси не побара помош. Тие се на сигурно,“ вели Ханџиски
Поплавите во Бугарија зедоа три жртви. Две жени кои се возеле по патот Созопол- Бургас биле однесени од надојдената вода, а големиот бран им ги однел автомобилите во планината. Од надојдениот бран вода не успеал да се спаси и 27 годишен овчар.Неколку стотици лица се евакуирани, десетици куќи и имоти се поплавени.
Во спасувачките акции учествуваат пожарникари, полицајци, вклучени се и хеликоптери за извлекување.Интервенираат во 80 населени места.
Најобилни врнежи од 176 литри на метар квадратен , кои паднаа за 24 часа го погодија најмногу Бургас, Јамбол, Сливен, Стара Загора, Пловдив, Пазарџик.
Бугарите спас гледаат во смирување подобрување на временските услови и помалку дожд. Утре во Бургас е прогласен ден на жалост поради жртвите од временската непогода.