Советот на фестивалот Танц Фест Скопје донесе одлука овогодишен добитник на наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „МЕНАДА“ да ја додели на Ханс ван Манен.
Ханс ван Манен е роден во Холандија. Неговата меѓународна слава е широко позната. Неговите балети се изведувани во повеќе од 50 компании низ светот, а неговите кореографии се изведувани од бројни големи интернационални ѕвезди.