Хаос на пристаништето во Сицилија, спасените мигранти почнале да штрајкуваат со глад

Спасените мигранти кои веќе неколку дена се на бродот на италијанската крајбрежна стража на пристаништето во Сицилија започнаа денес да штрајкуваат со глад, истакнува еден италијански пратеник.

Опозициониот сенатор, Давид Фараоне, кој синоќа ги посети мигрантите на бродот “Дичоти”, денес напиша твит дека вработените од пристаништето во Катанија му рекле дека “постојат тензии” на бродот и дека мигрантите престанале да јадат поради одлуката на италијанската влада што не им дозволува да го напуштат бородот.

Мигрантите се спасени на 16 август во Средоземното море, а 150 мигранти и понатаму се на бродот, додека на малолетниците и болните им било дозволено да го напуштат бродот.

Одредени жени на бродот денес ручале, но мажите одбивале да јадат. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини рекол дека сите членки на ЕИ мора да се заложат за преземање на мигрантите пред да добијат дозвола за напуштање на бродот.