Петмина советници се приведени откако е избегната физичка пресметка меѓу советниците во општинската зграда во Будва.
Советниците од Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство, по бројните препирања со приватното обезбедување на влезот од зградата. Според информациите, ниту советниците од ДФ и СНП ниту обезбедувањето од приватна агенција не сакале да покажат легитимација.
И претставниците на медиумите биле повторно запрени на влезот на зградата, новинарка била насилно исфрлена од обезбедувањето.
Собранието на Општина Будва треба да одлучи за избор на ново општинско раководство. Изминатите денови во Будва имаше повеќе инциденти и судири меѓу полицијата и граѓаните, приврзаници на власта предводени од Царевиќ и Радовиќ.