Полицијата привела 208 демонстранти во Париз, наспроти конференцијата на ОН за климатските промени, откако избил конфликт меѓу демонстрантите и полицијата.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, изјавил дека 174 приведени лица се задржани во притвор.
Тој истакнал дека насилството на демонстрантите во центарот на Париз, кои удирале по полицијата со шишиња и со свеќи, мора да биде силно осудено.
Демонстрантите носеле транспаренти со повик за одбрана на климата и демократијата, јави „Ројтерс“.
Шефот на полицијата, Мишел Кадо, на новинарите им кажал дека полицијата идентификувала околу 200 до 300 луѓе кои ја прекршиле забраната за протест, воведена со прогласувањето на вонредната состојба поради терористичките напади во Париз, на 13 ноември, во кои загинаа 130 луѓе.