Хаос во тетовската болница: Роднините се шетаат без маски, на некои им се дозволува цела вечер да седат до заболените од ковид

Во клиничкиот центар во Тетово е хаос, вели фоторепортерката Арбнора Мемети, која направи репортажа од болницата за „Дојче веле“.

-Не се почитува ниту една мерка. Додека бевме таму сретнавме многу семејства пред врата кој со маска, кој без, чекајќи да ги посетат нивните роднини. А дури на некој им дозволуваат да седат цела вечер со пациентите. Само што отидовме ние сите роднини беа пуштени внатре, пишува таа.

Според Мемети, бројот на заразени во Тетово е многу мал во споредба со несериозниот пристап на граѓаните и оваа клиника.