Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје, вчера држел седница во ходник, бидејќи салата им била заклучена.
Една од точките на дневен ред беше предлог за разрешување на в. д. директорот Драган Илиевски „поради лошата (неподобрена) финансиска состојба на претпријатието“, па затоа членовите се сомневаат дека ова е направено по негова наредба за да се блокира работата и да не се донесе одлуката за разрешување, пишува СДК.мк.
На дневниот ред било и Разгледување на барање од УО до в.д. директорот да се достави на увид Договорот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води помеѓу ЈП „Водовод и канализација“ и „ВТЕ Васертехник”.
Претседателот на Управниот одбор Идриз Орана за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека она што се случува во претпријатието е лудо, а таа лудост вчера кулминирала.