Харадинај и Лимај заедно против корекција на границата

Партиите на Харадинај и Лимај се приклучија на опозицијата против „корекцијата на границата“. Така тие ќе им помогнат на опозиционерите да обезбедат кворум за вонредната седница на која се настојува да се изгласа резолуција, со која ќе му се забрани на претседателот на државата Хашим Тачи да преговара со Србија за промена на границите.