Харадинај: Ќе ја укинеме таксата кога Србија ќе го признае Косово како држава

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај уште еднаш нагласи дека таксата за српската и босанската стока ќе се укине оној ден кога Србија ќе го признае Косово како држава.

При посетатат на Општина Вуштрија, Харадинај го спомнал и прашањето со визите, за што рече дека не е далеку денот кога ќе патуваат во Европа без визи, велејќи дека ова прашање не е поврзано со споменатата такса, пренесува Инсајдери.

„Денот кога ќе е се укинат визите не е далеку. Продолжуваме да работиме, тоа не е поврзано со таксата. Постои барање за нејзина суспензија. Повеќе е како начин за дисциплинирање. Кога Србија ќе не признае, таксата се укинува“, рече Харадинај.

Харадинај ја коментираше и посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во Србија, при што рече дека односите меѓу Косово и Франција се истите како што биле, на добро ниво на соработка.