Харадинај нов премиер на Косово

Демократскиот сојуз на Косово, Алијанската за иднина и Нисма одлучија заедно да ја формираат новата Влада на Косово.

„Владее враќање на надежта дека економскиот развој ќе функционира, ќе се отворат нови работни места, бескомпромисна ќе биде борбата против организираниот криминал и корупција“, се наведува во соопштението на новата коалиција.

Во соопштението се додава дека е постигнат и заеднички договор Рамуш Харадинај да биде номиниран за премиер. Местото претседател на Собранието ќе и припадне на партијата на Косовскиот демократски сојуз, како и претседателското место кое е во склад со Уставот. Заменик-премиерот ќе биде од редовите на Нисма.

Сите останати политички и институционални одговорности ќе бидат поделени пропорционално на основата на политичките сили во Собранието.

Во соопштението се додава и дека во меѓувреме ќе продолжат преговорите со останатите партии кои се во опозиција и партии из малцинските заедници.