(ВИДЕО) Харден му ја подари победата на Бостон

До последните дванаесет секунди од дуелот меѓу Бостон Селтикс и Хјустон Рокетс во „ТД Гарден“, Џејмс Харден беше најдобриот играч на гостите со 34 кошови, 10 асистенции и 6 скокови, и покрај лошиот шут од поле (7 од 27 обиди), и требаше да ја има најголемата заслуга за победата на неговиот тим, но тогаш расипа сé и стана главниот виновник за четвртиот последователен пораз на клуот кој само до неодамна имаше најдобар скор во НБА лигата.

По сето она што можеше да се види на меќот Хјустон мораше да победи во Бостон. Рокетс по првата четвртина имаа водство од 32:12, а на полувемето од 62:38. Кон средината на третата четвртина нивната предност започна да се топи, но откако Џејмс Харден погоди две слободни фрлања, на семафорот останаа само 11.6 секунди, Хјустон имаше водство од само 98:95.

И тогаш Џејсм Харден, кој последните сезони секогаш беше меѓу најсериозните кандидати за наградата за најкорисен играч во НБА лигата, ја покажа својата темна страна.

Прво без воопшто да се труди во одбраната му дозволи на Маркус Смарт асистенција за забивањето на Џејсон Тејтам, со што Бостон намапи на 97:98. Останаа 7,3 секудни до крајот, Смарт на агресивен начин го чуваше Харден за да не ја добие топката. Харден пред еден од тројцата судии го оттурна Смарт и заработи лична грешка. Хјустон го загуби поседот на топката, а Бостон во следната акција преку Ал Хорфорд дојде до првото водство на мечот од 99:98. За Хјустон останаа само 3,9 секунди за последниот напад, но Харен уште еднаш го стори истотот, на две секунди оттрунувајќи го агресивниот Смарт и повторно заработи лична грешка во напад.

Кајри Ирвинг со 26 кошови беше најдобриот стрелц кај Селтикс, Тејтам уфрли 19, а Смарт и Тери Розиер по 13 поени. Ерик Гордон беше втор стрелец кај Хјустон со 24 кошови.

Филаделфија на Божик го прекина низот од пет последователни порази на гостувањето кај Њујорк Никс, но Сиксерс не успеја да го продолжи позитивниот тренд, бидејќи на гостувањетп кај Портланд беа поразани со 110:114, иако домашниот тим настапи без својот најдбар играч Демиен Лилард. Филаделфија го загуби мечот во последната четвртина дозволувајќи му на Њујорк да постигне дури 42 коша (42:25) и така да го надометио минусот од 13 поенин со кои влезе во последниот период.

Сиксерс пружија одлична игра во третата четвртина, а во главните улоги беа Дарио Шариќ и Бен Сајмонс. Хрватот постигна 25 кошови, со одличен шут: 10 од 12 од поле и 5 од 6 за „тројка“.. со 9 скокови и 4 асистенции, покрај двете украдени топки. Џоел Имбид постигна 29 поени со 9 скооови, а Сајмонс го заврши мечот со 17 поени и 8 асистенции.

Орландо Меџикс пред своите навивачи ги совладаа Детроит Пистонс 102:89 и така ја прекина серијата од девет последователни порази којашто траеше од 7-ми декември. Победата има уште поголемо значење имајќи предвид дека е остварена без првиот центар на Меџикс, повредениот Никола Вучевиќ.

Илфрид Пејтон со 19 кошови, 8 скокови и 8 асистенции беше најдобар кај победниците. Иван Фурние даде 17, а Марис Спејтс 16 поени за 15 минути игра. Кај Детроит стрелците со 21 кош ги водеше Тоијас Харис, а Андре Драмодн заналежа 17 поени, 18 скокови и 5 асистенции.