Бројни американски медиуми објавија дека 33-годишната кошаркарска ѕвезда Џејмс Харден поднел барање за размена и веќе го одиграл својот последен натпревар за Филаделфија 76ерс.
„Харден и Филаделфија работат заедно за да го најдат новиот тим на играчот“, пишуваат американските медиуми, наведувајќи дека двете најреални опции во моментов се Лос Анџелес Клиперс и Њујорк Никс. Инаку, Харден е роден во Лос Анџелес.
Големиот проблем со овој трејд може да биде фактот што сегашниот договор на Харден не може да биде продолжен и истекува за една година кога Харден ќе стане неограничен слободен играч.
Харден зад себе имаше одлична сезона во Филаделфија, која беше елиминирана од Бостон Селтикс во второто коло од плејофот на Источната конференција. Харден постигнуваше 21 поен по натпревар со 6,1 скока, дури 10,7 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.
На драфтот во 2009 година, Оклахома Сити го зеде Харден како трет пик, а за нив настапуваше до 2012 година. Потоа го носеше дресот на Хјустон Рокетс до 2021 година, по што играше и за Бруклин и Филаделфија.