![hari megan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/hari-megan.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Принцот Хари изјави дека британското кралско семејство го игнорирало тоа што медиумите ја прогонувале неговата сопруга поранешната американската актерка од мешан брак Меган Меркл врз расна основа, во документарниот филм на Nеtflix објавен во четвртокот.
Хари, исто така, прави паралела меѓу тоа како медиумите ја третирале Меган и интензивното медиумско следење на неговата мајка принцезата Дијана. Таа загина во автомобилска несреќа во Периз во 1997 година, според официјалната верзија, додека со нејзиниот партнер египетскиот магнат Доди ал Фајед бегале со лимузината пред папараците.
Принцот Хари, кој пред две години со Мега се откажа од должностите кои следуваат според припадноста на британското кралско семејство, вели дека неговата должност е да го разоткрие „искористувањето и подмитувањето“ на медиумите.
Во првите три епизоди на документарниот филм, Меган се присетува на првата закана со смрт којашто ја добила, а Хари зборува за тоа како морал да се маскира при нивните приватни излегуваа. Објавени се и досега невидени снимки од нивниот син Арчи.
Хари вели и дека „жртвувале сѐ“ и дека стравувал дека медиумите ќе му ја избркаат сопругата. Притоа се нагласува дека таткото на Меган е белец, а мајката е афроамериканка. Ги споменува и „болката и страдањата на жените кои се омажиле во оваа институција“, алудирајќи на британското кралско семејство.
Меѓутоа, оценуваат британските медиуми, првите три епизоди од документарниот серијал не биле скандалозни за кралското семејство. Главниот фокус е на тоа како Хари и Меган биле третирани од британските таблоиди и како тоа влијаело на нивниот однос, и како на крајот тоа влијаело да се откажат од официјалниот живот како дел од кралското семејство.
„Искрено, без оглед на тоа колку се трудев, без оглед на тоа колку бев добра, без оглед на тоа што ќе направев, сепак, ќе изнајдеа начин да ме уништат“, вели Меган,
Хари се надоврзува дека морал да стори „сѐ за да може да го заштити своето семејство, особено по она што ѝ се случи“ на нивната мајка.
Откако се повлекоа од кралската должност, Хари и Меган често ги напаѓаат медиумите. Ги прекинаа сите врски со четирите најголеми британски таблоиди и добија тужби против некои списанија.
„Станува збор за должност и за служење и чувствувам дека како член на ова семејство имам должност да го разоткријам искористувањето и подмитувањето коишто се случуваат во нашите медиуми“, вели принцот Хари.
Го критикува начинот на кој членовите на кралското семејство реагирало, како што оценува, на расистичкиот третман на Меган во медиумите, како и инсистирањето да се молчи за тоа.
„Кога станува збор за голем дел од (кралското) семејството, сето она низ што таа минуваше, го минуваа и тие, па тоа беше речиси како иницијација“, вели Хари.
Следната седмица ќе бидат емитувани уште три епизоди од серијалот, а во јануари ќе бидат објавени мемоарите на Хари под наслов „Spare“.
Бакингемскиот дворец уште претходно објави дека нема да ја коментира серијата.