Хари Кејн сѐ поблиску до трансфер во Баерн

Како што пренесуваат германските медиуми во вторникот, англискиот фудбалски репрезентативец Хари Кејн е на чекор до преминување во Баерн Минхен.

Според овие изјави, напаѓачот на Тотенхем веќе се договорил за трансферот и доаѓањето во актуелниот германски шампион, а за реализација на оваа работа челниците на клубовите допрва треба да се договорат за висината на трансферот.

Претходно Тотенхем ја одби понудата на Баерн од 70 милиони евра, но според истите изјави баварскиот клуб е подготвен да ја зголеми таа сума. Најголема работа околу оваа транзиција работи легендарниот поранешен германски репрезентативец и играч на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

Од почетокот на својата професионална кариера, 29-годишниот Кејн е член на Тотенхем, со тоа што првично имаше кратки позајмици во Лејтон, Милвол, Норич и Лестер. За Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови.