Демократската претседателска кандидатка Камала Харис денеска ќе го претстави својот потпретседателски кандидат, што е нејзина прва голема одлука откако претседателот Џо Бајден под притисокот од партијата се повлече од трката за уште еден мандата, и влезе во трката против републиканецот Доналд Трамп.
Актуелниот американски потпретседател го намали својот избор на две имиња – гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро и гувернерот на Минесота Тим Волц, изјавија извори за Reuters. Биле земени предвид бели кандидати со докажано искуство за победа кои може да привлечата „бели, рурални и независни“ гласачи.
Педесет и едноготишниот Шапиро, кого го сметаат за политичка ѕвезда во подем во Демократската партија, е популарен во Пенсилванија, чии 19 електорски гласови и на Харис и на Трамп им се потребни за да ја освојат Белата куќа. Шеесетгодишниот Валц е гувернер на држава која е цврсто во рацете на демократите, но се тврди дека докажано им се допаѓа на руралните, бели гласачи кои главно гласаа за Трамп последниве години.
Откако го замени Бајден како претседателски кандидат, Харис собра стотици милиони долари за кампањата и почна да го достигнува Трамп во анкетите. Демократскиот национален комитет доцна во понеделникот објави дека таа официјално ја обезбедила номинацијата на партијата.
Американците се фокусираат на личноста на врвот на листата кога избираат за кого да гласаат, но кандидатите за потпретседател можат да помогнат врз основа на нивното потекло, популарноста во нивната матична држава или способноста да влијаат на важни изборни единици или независни гласачи.
Изборот за потпретседател на Трамп е конзервативниот млад американски сенатор ЏејДи Ванс од сојузната држава Охајо.