Кандидатката за претседател на САД на Демократската партија, Камала Харис, се очекува да го претстави својот потпретседателски кандидат до вторник, изјавија два извора за Reuters.
Одлуката на Харис може да биде објавена во секое време до вторник, кога таа ќе го направи своето прво појавување со потпретседателскиот кандидат на митинг во Филаделфија на почетокот на турнејата низ клучните држави кои најверојатно ќе го одлучат победникот на изборите во ноември.
Харис го намали својот избор на тројца кандидати со кои разговараше во текот на викендот во Вашингтон: гувернерот на сојузната држава Минесота, Тим Волш, сенаторот од Аризона, Марк Кели и гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро.
Во петокот, таа исто така разговараше со секретарот за транспорт Пит Бутиџиг 90 минути и виртуелно се сретна со гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар и гувернерот на Илиноис, ЏејБи Прицкер.
Изборот за потпретседателски кандидат за актуелен потпретседателка на САД е најважната политичка одлука која Харис ја донела досега, во пресрет на претседателските избори на 5-ти ноември на кои ќе се соочи со републиканецот Доналд Трамп.
Нејзиниот список на кандидати е составн од белци кои биле успешни во освојувањето на гласовите на руралните, белите и независните гласачи. Кандидатите ќе бидат известени за нејзината одлука во понеделник навечер или вторник наутро, изјавиле изворите на Reuters.
По таа најава, Харис и нејзиниот нов кандидат за потпретседател ќе посетат седум градови за пет дена: Филаделфија, Пенсилванија, О Клер во Висконсин, Детроит, Мичиген, Дарам, Северна Каролина, Савана, Џорџија, Феникс, Аризона и Лас Вегас, Невада, откри нејзиниот изборен штаб.
Кампањата на демократка ја започна таканаречената програма „Републиканците за Харис“ во текот на викендот за да ги придобие републиканските гласачи да ја поддржат во борбата против Трамп.