Американската потпретседателка Камала Харис во четвртокот им се придружи на демократските и републиканските лидери во осудата на демонстрантите кои запалија американски знамиња и со спреј ги исцртаа зборовите „Хамас доаѓа“ пред станицата Јунион во Вашингтон во средата.
Демонстрантите мина во поворка во близина на Капитол, каде што заседава американскиот Конгрес, пред обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, протестирајќи против американската воена помош за Израел во војната со милитантите на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа кое е на листата тероритички организации на САД.
По говорот на Нетанјаху, некои од демонстрантите се собраа пред станицата Јунион. Тие истакнаа американски знамиња пред легендарната железничка станица, ги запалија и на големм споменик со спреј ги испишаа зборовите „Хамас доаѓа“ и „Слободна Газа“.
Харис го нарече вандализмот „непатриотски и грозоморен чин“.
„Го осудувам палењето на американското знаме. Тоа знаме е симбол на нашите најголеми идеали како нација и го претставува ветувањето на Америка. Никогаш не смее да се сквернави на таков начин“, рече Харис која треба да биде демократски претседателски кандидат. на претседателските избори.
Харис и Бајден треба да одржат одделни разговори со Нетанјаху подоцна во четвртокот. Во врска со тоа се очекуваат нови протести пред Белата куќа.
Поради насилството кое изби на протестот, полицијата мораше да употреби солзавец и уапси неколку лица.
Палењето на американските знамиња и графитите кои го поддржува Хамас беа остро осудени од претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, републиканец, и лидерот на демократите Хаким Џефрис.