Харис и Трамп израменти на национално ниво, тесно во Пенсилванија

Потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп остануваат израменти според довербата меѓу гласачите седум седмици пред претседателските избори на 5-ти ноември, според новите анкети објавени во четвртокот, кои исто така укажуваат на тесна трка во една од клучните сојузни држави Пенсилванија.

Во националната анкета, Харис и Трамп се изедначени со 47 отсто поддршка од гласачите.

Анкетата е спроведена на 2.437 испитаници од 11-ти до 16-ти септември за весниците The New York Times, The Philadelphia Inquirer и колеџот Сиена. Маргината на грешка е 3 процентни поени.

Во Пенсилванија, една од седумте клучни ткн „колебливи“ сојузни држави, Харис го задржа водството од четири процентни поени и води со 50 спроти 46 отсто, со маргина на грешка од 3,8 процентни поени, според анкетата на NYT.

Засебна анкета за весникот The Washington Post укажува на тесна трка во оваа сојузна држава, која може да го одреди исходот на собранието, заедно со Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина и Висконсин.

Од 1.003 испитаници во Пенсилванија гласале 48 отсто за Харис и 47 отсто за Трамп, со маргина на грешка од 3,6 поени.

Повеќето испитаници изјавиле за WP дека се „исклучително мотивирани“ да гласаат и дека зачувувањето на американската демократија е „исклучително важно“ за нив. Но, тие се поделени во однос на кандидатот кој најдобро би ги заштитил националните слободи, 48 отсто гласале за Харис, а 45 отсто за Трамп.

Анкетата на NYT/Inquirer/Siena, исто така, покажа дека американската демократија е важно прашање за гласачите, заедно со економијата, абортусот и имиграцијата. Поддршката за двајцата кандидати е приближно еднаква по овие прашања.

Анкетата на Ipsos за Reuters минатата седмица покажа дека Харис води со пет процентни поени, при што 47 отсто од испитаниците ја поддржуваат, а Трамп 42 отсто.