Американскиот демократска потпретседателка Камала Харис и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп уживаат подеднаква поддршка во седумте клучни сојузни држави кои би можеле да одлучат за исходот на претседателските избори во ноември, според предизборната анкета на дневниот весник The Wall Street Journal објавена во петокот.
Според анкетата, Харис има маргинално водство од два процентни поена во Аризона, Џорџија и Мичиген, додека Трамп води со шест процентни поени во Невада и еден во Пенсилванија. Израмнети се во Северна Каролина и Висконсин. Анкетата спроведена на 600 регистрирани гласачи била спроведена меѓу 28-ми септември и 8-ми октомври со маргина на грешка од четири процентни поени во секоја држава.
Резултатите се совпаѓаат со другите анкети кои предвидуваат тесна трка пред изборите на 5-и ноември, бидејќи прашањата како економијата, имиграцијата, правата на жените и демократските вредности претежнуваат кај американските гласачи.
Анкетата на Reuters/Ispos oд претходно седмицава, исто така, предвиде „мртва трка“ на национално ниво, при што Харис има мала предност од 46 отсто наспроти 43-те на Трамп, на федерално ниво.
Анкетите за ставовите на гласачите во седумте клучни сојузни држави може да бидат важен показател, имајќи го превид фактот дека резултатите во одделни држави одлучуваат кој ќе биде победник на изборите.
Педесет идеветгодишната Харис би освоила тесно мнозинство во електронскиот изборен систем доколку победи во државите во кои има предност според анкетата на WSJ.
Ова е трета последователна кандидатура на 78-годишниот Трамп за Белата куќа по поразот од актуелниот претседател Џо Бајден во 2020 година, за што тој и неговите поддржувачи и натаму тврдат дека е поразен поради широко распространета гласачка измама. Трамп, исто така, ги негиа обвинувањата според кои се соочува со кривична пријава за анводен обид за поништување на изборните резултати и ги опишува како политички мотивирана хајка против него.
Харис стана демократски кандидат откако Бајден под влијание на неговата Демократска партија поради веќе видливото губење на конгитивните способности и катастрофалниот исход од телевизиското соочување со Трамп, ненадејно се повлече од трката за реизбор во јули. Харис е поранешна американска сенаторка, државна обвинителка во Калифорнија и локална обвинителка, правничка кариеара која влече критики, која се обидува да донесе нова визија за САД и да ја оживее „коалицијата“ на Демократската парија со млади гласачи, Афроамериканките и жените од руралните среини, истовремено одвлекува некои републикански гласачи.
„Ова е мртва трка“, изјави за WSJ републиканскиот анкетар Дејвид Ли, кој го спроведе истражувањето заедно со демократот Мајкл Боцијан.
Повеќе гласачи рекле дека го поддржуваат Трамп за економијата и имиграцијата, додека повеќе рекче дека Харис ќе заврши подобра работа за домувањето, здравствената заштита и грижата за луѓето како нив, покажа анкетата на WSJ.