Харис обезбеди доволен број делегатски гласови за номинацијата

Американскaта потпретседателка Камала Харис ја обезбеди поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција во понеделникот за да стане демократски кандидат за американски претседател, тврдат извори на Reuters.

Анкетата на агенцијата Associated Press меѓу демократските делегати покажува дека таа може да има поддршка од 2.538 делегати, што е многу повеќе од 1.976-те потребни за победа на делегатското гласање следната седмица. Претседателот на Демократскиот национален комит ет, Џејми Харисон, изјави во понеделникот дека партијата ќе номинира претседателски кандидат до 7-ми август.

Делегатите сè уште можат да се предомислат пред 7-ми август, но никој друг не добил ниту еден глас во анкетата на Associated Pressa, а 57 делегати рекле дека се неопределени.

Претседателот Џо Бајден ја поддржа Камала Харис во неделата кога се повлече од трката поради прашањата за неговата возраст и менталното и физичко здравје. Тој вети дека ќе остане на функцијата до истекот на неговиот мандат на 20-ти јануари 2025 година.

Во своето прво појавување во јавноста по објавувањето на нејзината кандидатура, Харис во понеделникот ги собра поддржувачите и во својот дебитантски говор во кампањата вети дека ќе го гони републиканскиот кандидат Доналд Трамп како обвинител во судницата што и самата беше своеремено во сојузната држава Калифорнија.

„Сум тужела криминалци од секаков вид. Предатори кои злоупотребувале жени, измамници кои ги поткраднувале потрошувачите, измамници кои ги прекршиле правилата во своја корист“, изјави Харис пред членовите на нејзината кампања 28 часа откако претседателот Џо Бајден под жесток притисок од својата Демократска партија се откажа од трката за Белата куќа во номеври и ја поддржа.

„Затоа слушајте ме кога велам дека знам каков тип е Доналд Трамп. Со гордост, гордо ќе го ставам своето досие против неговото во оваа кампања“, рече Харис, кој беше државен обвинител на Калифорнија и американски сенатор пред да стане потпретседател на Бајден.

Кампањата на Трамп одговори на нејзините коментари тврдејќи дека „Камала Харис е исто толку неспособна како Џо Бајден, па дури и полиберална“, според Каролин Левит, националниот секретар за печат на кампањата. „Не само што Камала мора да ја брани својата поддршка за неуспешната агенда на Џо Бајден во изминатите четири години, таа исто така треба да одговара и за нејзиниот ужасно лош резултат во пресметката со криминалот во Калифорнија“.

Трамп треба да биде осуден во септември, откако беше прогласен за виновен за фалсификување деловни книги за да скрие тајни плаќања во готовина уште пред да ја најави својата претседателска кандидатура за изборите во 2016 година на порно ѕвезда да молчи за нивната наводна врск. Исто така, се соочува со кривични пријави во врска со барањата да се поништи победата на Бајден во 2020 година, за што и денес тврди дека е добиена со измама.

Закрепнувајќи од ковид-19 во неговиот дом во Делавер, Бајден се јави на собирот на неговата потпретседателка. Бајден рече дека мисли дека ја донел вистинската одлука со повлекувањето од кандидатурата. Бајден, најстарата личност која заседава во Овалната соба на Белата куќа во историјата, во неделата рече дека ќе остане на функцијата до истекот на неговиот мандат на 20-ти јануари 2025 година.

Педесет идеветгодишната Харис изнесе низа политики што вети дека ќе ги спроведе, вклучително и потпишување закон за заштита на правата на абортусот и забрана за оружје, и рече дека обновата на средната класа ќе биде во фокусот на нејзиното претседателствување.

Кампањата на Трамп со седмици се подготвуваше за нејзиното можно искачување, изјавија извори за Reuters. Во понеделникот тие испратија детална критика за нејзиното справување со имиграцијата и другите прашања, обвинувајќи ја дека е полиберална од Бајден.

Трамп во понеделникот го доведе во прашање правото на демократите да ги менуваат кандидатите. „Тие му ја украдоа кандидатурата на Бајден откако тој победи на прeлиминарните избори“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.