Харис: САД треба да се соочат со својата срамна историја

Американската потпретседателка Камала Харис во вторникот изјави дека европските истражувачи кои стасале на американскиот континент спровеле „бран на уништување на племенските народи, биле насилни, ја краделе земјата и ширеле болести“.

„Не смееме да се притеснуваме од оваа срамна историја, мораме тоа да го расветлиме и да сториме сѐ што можеме да допреме до влијанието на минатото врз автохтоните заедници денес“, изјави Харис на Националниот конгрес на американските Индијанци, најголемата американска организација на домародното население.

Камала Деви Харис, од јамајканско-индиско потекло, е првата жена и истовремено првиот темнокож и политичар со азиско потекло во историјата на должноста потпретседател на САД.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави преговори за меморандум за разбирање за федералнот финансирање на работното оспособување на племенските народи. Дванаесет федерални агенции веќе преговараат за тој меморандум во 2018 година, но не бараа мислење од автохотнотеи заедници за коишто станува збор.

Харис одржа говор ден по одележувањето на Денот на Кристофер Колумбо, 11-ти октомври кога во 1492 година италијанскиот морепловец и истражувач со помош на тогашното кралство Шпанија стасал до американското копно, и по Денот на домородците на кои се одбечежива нивниот прогон по доаѓањето на доселениците од Европа.

„САД од 1934 година секој откомври го одбележуваат патувањето на европските истражувачи коишто стасале на американскиот брег. Но тоа не е целата приказна. Тоа никогаш не беше целата приказна“, рече Харис.