Харис способна да извршува високи должности, според нејзиниот лекар

Демократската претседателска кандидатка на изборите во САД, Камала Харис, во саботата го објави мислењето на својот лекар со кое потврди дека е во добра здравствена состојба и дека е способна за извршување високи функции.

Со оваа објава Харис сакаше да го направи токму спротивното од нејзиниот противник во претседателската трка, Доналд Трамп, кој одби да го стори тоа, иако во минатото редовно се фалеше со ларските извештаи за неговата здравствена состојба.

Во документот што го сподели Белата куќа, лекарот на актуелната потпретседателка на САД, Џошуа Симонс, изјави дека последниот медицински преглед на Камала Харис во април бил „незабележителен“ и дека таа одржува активен животен стил и „многу здрава исхрана“ и покрај нејзиниот исклучително зафатен распоред.

Според извештајот, Харис има сезонски алергии и повремени осипи, не користи тутун и пие алкохол само умерено.

„Таа ја поседува физичката и менталната издржливост неопходни за успешно извршување на претседателските должности“, напишал лекарот.

Соработник на Камала Харис изјави дека одлучила да објави информации за нејзиното здравје токму за да укаже на фактот дека Трамп одбил да го стори тоа.

Педесет идеветгодишната Камала Харис, по објавувањето на најновите резултати од испитувањата на јавноо мнение во кои не остварува предност пред противкандидатот, се обидува да се фокусира на фактот дека 79-годишниот Трамп е најстариот претседателски кандидат откако 81-годишниот претседател Џо Бајден беше принуден од својата Демократска партија да се повлече од претедателската трка поради видливо нарушените когнитивни способноси и лошиот исход од телевизиското соочување со поранешниот републикански претседател.

Анкетите покажуваат дека изборите ќе бидат тесни, а кампањата на Камала Харис сака да направи разлика со тоа што ќе укаже на нејзината компаративна предност на помладата возраст и транспарентноста.

Во 2018 година, додека Трамп беше на функцијата, лекарот од Белата куќа рече дека Трамп во тоа време имал генерално одлично здравје, но дека треба да ослабе и да воспостави дневна рутина за вежбање.

Симонс изјави дека алергиите на Камала Харис биле добро контролирани со лекови без рецепт и лекови на рецепт.

Нејзината уртикарија или осип се „повремени и минливи и се чини дека не се предизвикани од некоја специфична изложеност или поврзани со други симптоми“ и добро реагираат на антихистаминскиот третман.

„Харис беше на имунотерапија со алергени во последните три години, што значително ги подобри нејзините симптоми на алергија и коприва и ја намали потребата за лекови, освен повремената употреба на спреј за нос“, наведува лекарот.

Харис носи контактни леќи.

Семејната историја вклучува рак на дебелото црево на нејзината мајка. Харис има редовни превентивни здравствени прегледи, вклучувајќи колоноскопии и годишни мамографи, додава нејзинио лекар.