Харис води пред Трамп со четири процентни поени во три клучни држави

Американскaтa потпретседателка и кандидатка за претседател на Демократската партија, Камала Харис, води пред поранешниот републикански претседател Доналд Трамп во три клучни сојузни држави Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, со четири процентни поени, покажуваат резултатите од анкетата на весникот The New York Times и колеџот Сиена.

Според истражувањето, 50 отсто од испитаниците во овие три „колебливи држави“ би гласале за Харис, а 46 отсто би гласале за Трамп доколку изборите се одржат сега. Истражувањето е спроведено од 5-ти до 9-ти август на 1.973 испитаници. Претседателските избори се одржуваат на 5-ти ноември.

Демократскиот претседател Џо Бајден под притисок од својата партија се повлече од избоорната трка на 21-ви јули и ја поддржа Харис. По лошиот настап на Бајден во телевиското соочување кога повторно ја отвори јавната дебата за неговата ментална состојба да издржи уште еден, Трамп доби предност пред Бајден во клучните држави, но влегувањето на Харис во трката ја променила динамиката.

Поддршката на САД за израелската војна во Појасот Газа предизвика големи протести и противење кон администрацијата на Бајден во тие држави, особено во Мичиген, меѓу некои либерални муслимански и арапски заедници. Харис поради тоа даде неколку силни изјави за палестинските човекови права, но не најави значителни политички разлики за Газа од Бајден.

Анкетата на Ipsos, чии резултати беа објавени во четвртокот, покажа дека Харис води пред Трамп на национално ниво, со 42 наспроти 37 проценти. Таа анкета е спроведена на 2.045 испитаници од 2-ри до 7-ми август, со маргина на грешка од околу 3 процентни поени. А тоа е сличен соодност во кој уживаше демократската кандидатка Хилари Клинтон во 2016 година која и освои мнозинство гласови на национално ниво, но на крајот изненадувачки беше поразена од Трамп со резилтатите од ткн електорски гласови.