Холивудската ѕвезда Харисон Форд повторно ќе се појави во улога на познатиот авантурист-археолог Индијана Џонс во филмскиот серијал на „Дизни“. Филмот, во режија на Џејмс Манголд, би требало да биде петто и последно продолжение за 78-годишниот актер како Индијана Џонс.
„Дизни“ го објави соопштението во виртуелна презентација пред инвеститорите каде ги откри плановите и за филмските франшизи на „Војна на ѕвездите“ и „Марвел“.
Willow, an Original Series from Lucasfilm starring Warwick Davis, with pilot directed by @JonMChu, is coming in 2022 to @DisneyPlus. pic.twitter.com/6t6s09gNbZ
— Disney (@Disney) December 10, 2020
Новиот филм треба да излезе во јули 2022 година. Филмскиот продуцент Френк Маршал неодамна изјави дека нема намера да го замени актерот во неговата иконска улога.
-Работиме на сценариото. Има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд – изјави Маршал.