Олександра се засолнува во бањата на нејзиниот стан во североисточниот град Харков со своите четири кучиња од почетокот на гранатирањето.
„Кога ги слушнав првите експлозии, истрчав од куќата за да ги извадам моите кучиња од нивните куќишта надвор. Луѓето беа во паника, ги напуштаа своите автомобили. Бев многу исплашена“, вели таа.
25-годишната девојка редовно зборува со нејзината мајка, која живее во Москва, Русија.
Но, за време на овие разговори – па дури и откако испратила видеа од нејзиниот силно бомбардиран роден град – Олександра не може да ја убеди својата мајка за опасноста во која се наоѓа.
„Не сакав да ги исплашам моите родители, но почнав директно да им кажувам дека цивили и деца умираат“, вели таа.
Таа додава дека и покрај тоа што нејзините родители се грижат за неа, „тие сè уште велат дека тоа веројатно се случува случајно, дека руската армија никогаш нема да ги таргетира цивилите, дека Украинците го убиваат својот народ“.
Вообичаено е Украинците да имаат семејство преку границата во Русија. Но, за некои, како Олександра, нивните руски роднини имаат контрастно разбирање за конфликтот. Таа верува дека тоа се должи на приказните што ги кажуваат строго контролираните руски медиуми.
Олександра вели дека нејзината мајка ги повторува наративите на она што го слуша на руската државна телевизија.
„Навистина ме исплаши кога мајка ми точно цитираше руска телевизија. Тие само им перат мозок на луѓето. И луѓето им веруваат. Моите родители разбираат дека овде се случуваат некакви воени дејствија. Но, тие велат: „Русите дојдоа да ве ослободат. Нема да уништат ништо, нема да ве допрат. Целат само воени бази“, вели Олександра.
Целата приказна на Би-Би-Си.