Џон Полсон, кој е менаџер од Волстрит и поранешен студент на Харвард донираше 400 милиони долари на американскиот универзитет.
Донацијата ќе биде искористена за унапредување на одделението за инженерство и применети науки, соопшти вчера Харвард.
Претставници на Универзитетот изјавија дека одделението ќе биде преименувано во Џон. А. Полсон школа за инженерство и применети науки.
Полсон во 1980 година дипломирал на Харвардскиот деловен факултет. Со два милиони долари формирал компанија за управување со инвестиции „Полсон енд компани“, која во моментов управува со повеќе од 19 милијарди долари.