Хаварија на рускиот нафтовод „Дружба“ – Истекува нафта во Полска

Полскиот енергетски оператор ПЕРН објави дека е откриено истекување на една од двете линии во западниот дел на нафтоводот Дружба, со кој се транспортира руска нафта во Европа, пренесува Анадолија.

Истекувањето било пријавено синоќа на една од двете линии во западниот дел, каде што сурова нафта пристигнува во Германија. Прекинат е протокот на нафта, соопштија од компанијата.

Компанијата соопшти дека втората линија работи без проблеми и дека нема опасност по здравјето на локалното население.

Исто така, на терен се и противпожарните екипи и екипите за итни случаи кои го обезбедуваат теренот, а истрагата за причините за инцидентот продолжува.

Санацијата на оштетениот дел од гасоводот е започната и дека протокот ќе продолжи на 8 август.

Дневно преку Дружба може да се транспортираат два милиони барели нафта. Во моментов се наведува дека количината на нафта што се транспортира дневно е околу 1,5 милиони барели.

Протокот на нафта низ нафтоводот Дружба нагло опадна од почетокот на руско-украинската војна, а инфраструктурата на нафтоводот неколку пати беше погодена од напади за кои Москва ја обвинува администрацијата на Киев, но Украина го негираше нападот.

Нафтоводот Дружба е еден од најголемите во светот и го снабдува најголемиот дел од централна Европа со руска нафта.