Хавиер Бардем и Кејт Бланшет добитници на шпанските награди Гоја

Хавиер Бардем ја освои наградата за најдобар актер на годинешното 36-то доделување на наградата Гоја, оджано во Валенсија во саботата вечерта, а австралиската актерка Кејт Бланшет ја понесе меѓународната награда Гоја којашто годинава се доделуваше првпат.

Доделувањето на наградите Гоја се најголемото шпанско признание во сферата на филмската уметност и се сматаа за шпанскиот еквивалент на американскиот Оскар, а го доделува Шпанската академија на науките.

Бардем својата седма награда Гоја ја освои за улогата во црната комедија „Добриот шеф“ во режија на Фернандо де Арано, којашто освои шест награди, меѓу кои и оние за најдобар филм, најдобра режија и најдобро оригинално сценарио. Филмот, инаку, имаше рекодни 20 номинации.

Изненадувањето на вечерта следеше кога Пенелопе Круз, сопругата на Бардем, не ја освои наградата во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на Педро Алдомовар, иако прогнозите го покажуваа тоа.

Тоа признание ѝ припадна на Бланка Портиљо за улогата во „Маиксабел“ на режисерот Исијар Бољин, филм за жена којашто се соочува со терористите од баскиската сепаратистичка организација ЕТА, кој го убиле нејзиниот сопруг.

Една од кулминациите на свеченоста на доделувањето на наградите беше врачувањето на новото признание – меѓународната награда Гоја која ѝ припадна на Кејт Бланшет а признанието ѝ го предадоа Пенелопе Круз и Педро Алдомовар.

Австралиската актерка којашто ги нарече „легендарна двојка“, кажа дека гледањето на филмовите на култниот шпански режисер Лоус Буњуел во тинејџерските години ги променило нејзините погледи на светот.

Бланшет со Алдомовар ќе работи на адаптацијата на збирката кратки раскази на Лусија Берлин „Прирачник за собарки“.