Хавиер Милеј е избран за претседател на Аргентина – Трамп меѓу првите кои му честитаа

Економистот и политичар на крајната десница, Хавиер Милеј ќе биде нов претседател на Аргентина по победата во вториот круг на изборите во јужноамериканската земја.

Милеј освои 55,95 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Серхио Маса доби 44,04 отсто поддршка. Тоа се официјални резултати по 86 отсто пребројани гласачки ливчиња.

Маса го призна поразот и на приврзаниците им порача дека „Милеј е претседател кого го избраа погоелмиот број на Аргентинци за наредните четири години“.

Во победничкиот говор во Буенос Аирес, Милеј порача дека „почнува крајот на декаденцијата“ и следува „обнова на Аргентина“.

Хавиер Милеј ќе ја преземе претседателската функција на 10 декември.