Во документ од Службен весник, од 17 јануари, 2020 година, е објавена одлуката за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен.
Тука е дефинирана процедурата и условите, кои што ги донела Владата, кога премиер бил Зоран Заев, на седница одржана на 24 декември 2019 година.
Во членот 5 од оваа одлука за почнување постапка, се дефинирани обврските кои што ги презема државата и вели: Државата на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и ја отстапи хидроцентралата „Тиквеш“ која фунционира на Црна Река, три месеци по датумот на старт на изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Значи, само што ќе се почне со изградба, после само три месеци „ХЕЦ Тиквеш“ ја добивате на дланка.
Потоа треба да изгради 400 киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата, треба да се направи експропријација на земјиштето, треба да се изгради пристапни патишта до локацијата и треба да се обезбеди ноќни вишоци на струја, со која помалата хидроцентрала „Орлов камен“ навечер ќе ја враќа водата во „Чебрен“ и ќе може истата вода неколку пати, да се користи преку ден за производство на електрична енергија.
Оваа одлука на владата, на Заев се менува од страна на техничката влада на Спасовски и се брише членот 5, став 3, во кој што се опфатени обврските.
Со новата одлука, за изменување на одлуката, која што ја носи владата на Зоран Заев, се вели дека членот 5, ставот 3, кој што ги опфаќа се брише, тој член став 3 и повеќе не постои и тоа се објавува во Службен весник број 33, којшто е објавен на 10-ти февруари 2020 година.
Од прилика две недели, откако владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев и повторно магично се појавува ексклузивното право, да ја управува и одржува ХЕЦ „Тиквеш“, внимавајте, три месеци по започнување со работа на ХЕЦ „Чебрен“.
Поништената одлука вели ќе му ја отстапиме на добитникот, ХЕЦ „Тиквеш“, три месеци, откако ќе почне градбата, а во повикот повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“, но три месеци откако ќе биде завршена градбата.
Ова е огромна разлика, бидејќи ако таа градба трае 6 години, а ХЕЦ „Тиквеш“ произведува од прилика 140-150 илјади мегават часови, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но еве да речеме 120 евра мегават час, помножено со 6 години, ние добиваме сума од 100 милиони евра.
Во записникот од седницата на владата, одржана на 14 септември 2023 година, во која што се избира, сега три ипол години подоцна, се носи одлука, каде што се избира најповолен понудувач и така е дојдено до компанијата, која што на јавноста кај нас е позната како ППЦ-Архиродон груп, односно грчкото електростопанство.
Владата во таа одлука, се повикува на Службен весник број 13 и број 33. Тоа се двата службени весници, каде што еднаш ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, а вториот пат ја брише.
Ова треба да го разјаснат институциите на државата веднаш, бидејќи во прашање се 100 милиони евра државни пари, за кои граѓаните не знаат зошто и каде ќе завршат.