Хеликоптер на АРМ принудно слетал во околината на Скопје

Воен транспортен хеликоптер на АРМ принудно слетал во близина на Скопје.

Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец.

По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на дефектот и оспособување на хеликоптерот.

Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата безбедно слетала.