Хеликоптер удри во пистата и се преврти при слетување на грчкиот остров Самос

Полесно се повредени патниците од приватен хеликоптер што при слетувањето на грчкиот остров Самос, удрил во пистата и се превртил, според информациите на грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Хеликоптерот полетал од островот Парос, застанал на Самос да наполни гориво, а крајната дестинација била Турција.

ЕРТ објави дека во хеликоптерот имало две лица, кои се полесно повредени.