Претстолнината на Финска планира до 2025 година да ја трансформира постоечката мрежа на градски превоз во иновативен систем кој на граѓаните ќе им нуди низа на пристапни и флексибилни решенија и ќе ги направи автомобилите потполно непотребни во градот.
Проектот кој неодамна го претставија официјалните лица на Хелсинки, би можел да ги инспирира и другите големи градови кои се соочуваат со се поголеми сообраќајни проблеми.
Според пишувањата на лондонски „Гардијан“ со планот е предвидено обединување на сите јавни превозни средства (автобус, велосипед, такси и траект).
Корисниците на услугите ќе можат да изберат дестинација, дознаваат на кој начин можат најлесно да стигнат и да го платат возењето, преку апликација на мобилен телефон.
Принципот е едноставно, потребно е само да се внесе адреса на поаѓање и пристигнување и да се избере превозно средство. Апликацијата за која иницијаторите тврдат дека ќе биде лесна за употреба, функционира како планер за патувања и универзална платна платформа која ги поврзува сите опции на превоз.