
Поради превенција од ширењето на вирусот КОВИД-19, согласно насоките дадени од страна на Министерството за здравство, Хелсиншкиот комитет информираат дека бесплатна правна помош граѓаните ќе можат да добиваат на следниве телефонски броеви: 02 3119 073 и 072 278 436, како и по електронската пошта на адресата: [email protected].
– Граѓаните со итни и неодложни правни проблеми, по предходна телефонска консултација со правниот тим, ќе можат лично да се обратат во канцелариите на Хелсиншкиот комитет. Да се однесуваме одговорно, бидејќи јавното здравје е заедничка одговорност, се посочува во соопштението од Хелсиншки комитет.