Хематологија доби нова медицинска опрема

Универзитетската клиника за хематологија доби медицинска опрема, сервисирани стари столови за примање хемотерапија, нови столови за примање хемотерапија, држачи за инфузиска терапија и санирање на Дневната болница.

Станува збор за донација од фармацевтската компанија „Рош Македонија“, во вредност од 320.000 денари.

Нашата клиника секојдневно се труди да им излезе во пресрет на сите пациенти и да ги задоволи нивните потреби. Но, бројот на пациенти со малигни хематолошки болести што се лекуваат на Клиниката е во постојан пораст, па поради тоа се појави потреба од подобрување на условите во Дневната болница, изјави медицинскиот директор на Клиниката, проф. д-р Лидија Чевреска и изрази благодарност за донацијата.