„Хендбол Планет“: Вујовиќ нов тренер на РК Вардар

Веселин Вујовиќ ќе го предводи РК Вардар 1961 во претстојната сезона 2021/22, пишува Хендбол Планет повикувајќи се на свои извори.

Искусниот тренер, кој секогаш е топло пречекан во Скопје, ќе го замени Стевќе Алушовски кој најави повлекување од тренерската позиција по завршување на сезоната.

Вујовиќ претходно беше тренер на РК Вардар во период од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година освојувајќи неколку титули.