Претседателот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Ули Хенес, испрати јасна порака до сите побогати клубови во Европа дека само на сон можат да располагаат со услугите на првиот голман на баварскиот гигант, Мануел Ноер.
“Ноер е во топ форма, тоа што го прави меѓу стативите е нешто невидено. Ноер нема цена, ќе биде одбиена секоја понуда која ќе пристигне на неговата адреса. Ноер функционира и како централен дефанзивец. Прашање е само на време кога Баерн (М) ќе игра само на противничката половина. Дефанзивците во било кој момент можат да му ја додадат топката на Ноер, а Мануел без никаков проблем може да ја додаде на дефанзивецот, дали сака со левата или со десната нога”, изјави Хенес.