Капетанот на српската армија, Сречко Виденовиќ ги спасил дечињата од полавеното училиште и стана вистински херој.
Тој учествувал во спасувачката акција на мештаните од катастрфалните поплави кои ги зафатија Кладово и Текија, а ги спасил и дечињата од ОУ „Вук Караџиќ“.
Во училишето надојдените води зарбиле двајца учители и две деца. Нивото на водата било се повисоко кога со својата спасувачка екипа пристигнал капетанот на војската.
– Поголемиот број на деца веќе беа извлечени од поплавеното училиште, кога јас со камион, бидејќи не постоеше друг начин, стигнав до поплавеното училиште. Едвај ги извлеков исплашените дечиња и нивните учители. Ниту за миг не се двоумев да влезам во водата, посочил капетанот Виденовиќ за српските медиуми.